Се продава луксузна куќа со вкупна површина од 740м2 и дворно место со површина од 1868м2. Куќата се наоѓа во населба Злокуќани, Скопје, и е на еден кат, има 13 соби, 7 комплетно опремени купатила (едно со џакузи када, останатите со туш кабини) и 3 комплетно опремени тоалети.
Куќата има сопствено ладење-климатизација, греење-сопствено парно на нафта + климатизација, гаража за 2 возила+ 4 паркинг места во дворот.
Куќата е на атрактивна локација , на само 2 минути од ТИНЕКС и КАМ маркети, во непосредна близина има основно училиште а во близина е и Поликлиниката Ѓорче Петров.
Во зависност од потребата на купувачот, куќата се продава опремена или празна.
Продажната цена на оваа екстра луксузна куќа е 1.300.000 евра.